X
 05.05.2017 Култура

Како размислуваат програмерите?

Секој кој се обидел да успее во полето на програмирање знае дека трпеливоста е клуч до успехот. Понекогаш, а особено кога започнувате да учите, ќе поминете саати барајќи проблем во кодот, за на крајот да излезе дека ви фали само една точка. И тоа е сосема во ред, сè додека сте доволно упорни за да ја пронајдете грешката.

Најважната работа е дека не смеете да се откажете сè додека не го решите проблемот. Дисциплината е клучот.

Како да бидете толку трпеливи и да не го скршите компјутерот од бес? Запчнете да развивате „Zen of coding“ - морате да научите да бидете смирени, да го разложите проблемот на помали делови и методично да го пронаоѓате секој чекор додека не ја пронајдете грешката.

Научете да го користите „Google“

Големата грешка која често се појавува кај почетниците, особено во програмирањето е тоа што мислат дека би требало сами да знаат како да решат одреден проблем, поминувајќи доста време пред воопшто да побараат помош. Немојте да го правите тоа. Искусните програмери знаат дека секому му е потребна помош, и често им помагаат на колегите, без разлика дали тоа е преку интернет или лице в лице.

Не постои програмер кој може да си ја замисли работата без користење на „Google“. Секој ден се среќаваме со нови проблеми, а одговорот најчесто го наоѓаме на „Google“. Причината за ова е што за секој проблем на кој наидуваме, постои голема веројатност некој друг веќе да се сретнал со него, да пронашол решение и да го поставил на интернет.

Но, за да можете да пристапите до ова знаење, треба да знаете како да го поставите прашањето. Некогаш е доволно да го ископирате текстот со грешката која ви ја дала програмата, а понекогаш мора да застанеме и да се запрашаме: „Ако некој друг го имал овој проблем, како би го формулирал прашањето?“

Потсетете се зошто нешто правите

Лесно е да се занесете со пишување и да станете преокупиран со прашањата како што се „Дали да ја ставам заградата тука или во наредниот ред?“ или „Дали мојот код ќе работи доволно брзо?“

Секако, овие прашања се сосема во ред и треба да ги прашате. Но понекогаш премногу време поминуваме фокусирајќи се на тоа како нешто правиме. Треба да направиме чекор назад и да се потсетиме зошто нешто правиме. Ваквиот начин на размислување ни дава перспектива која ни е потребна за програмирање.

Магијата на програмирањето е во креативното користење на ограничени скапи алатки за да решиме некој проблем. Најголем предизвик и крајната цел за програмерите е да станат експерти во користење на своите алати за од своите идеи да направат нешто интересно и корисно. Кодот е само средство за решавање на проблеми и создавање на интересни апликации, а не цел сам за себе.

Карактеристиките на успешниот програмер

Постојат многу луѓе кои се самоуки програмери, и многу од нив се одлични девелопери. Ова се некои карактеристики кај сите нив, кои ги донеле од никакво знаење до способност одлично да си ја завршат работата.

Само-мотивација

Способноста за само-мотивација е дефинитивно неопходна за патот од лаик до добар програмер. Луѓето кои решиле да учат програмирање на факултетите обично имаат екстерна мотивација: родители, оценки или пари кои ги плаќаат за студиите. Тоа не е доволно. Мотивацијата мора да дојде од внатре. Мора да се запрашате зошто сакате да научите програмирање и постојано да ја држите таа цел пред очите особено кога ќе дојдете до нешто тешко или кога ви се чини дека нешто не можете да совладате.

Упорност

Упорноста е карактеристика која одредува дали ќе го прескокнете јазот помеѓу неуспешниот и успешниот програмер. Кога ќе наидете на нешто што е тешко, ешто што не умеете да го решите, баш тогаш не смеете да се откажете. Токму во преминувањето на препреките можеме да стекнеме искуство. Кога се занимавате со програмирање, ќе се сретнете со препреки на секој чекор. Некои проблеми кои се чинат едноставни може да ги решавате со денови. Некогаш наидуваме на концепт кој ни се чини толку комплициран што никогаш нема да го научиме. Клучот е упорноста. Не се откажувајте сè додека не го решите проблемот. Секој проблем може да се реши.

Постојано учење и усовршување

Ако одлучите да се занимавате со програмирање, бидете подготвени постојано да учите. Областа на програмирањето постојано напредува и тоа доста брзо, така што знаењето кое го имате, во еден момент може нема да биде доволно следната година. Невозможно е да научите да програмиратее наеднаш и да очекувате дека тоа е доволно. Учењето програмирање е процес кој не престанува никогаш. Затоа програмерите најчесто специјализираат за еден програмски јазик.

Контролирање на егото

Големото его и суетата може да му наштетат на човек кој учи или се занимава со програмирање. Ако сме убедени дека нешто знаеме најдобро, нема да ја признаеме грешката или да побараме помош ако не сакаме да прифатиме дека не го знаеме решението на некој проблем.

Тимска работа

Тимската работе е една од клише фразите кои стојат на секој оглас за работа и на секое резиме. Во програмирањето тимската работа е навистина важна. Иако луѓето често имаат слика дека програмерите се бубалици и чудаци кои цел ден седат на компјутер, работат сами и избегнуваат социјална интеракција, тоа е далеку од вистината. За проект на кој работите е важно цел тим да комуницира и постојано да биде во текот. Тоа подразбира постојани дискусии за решавање на проблемот, договор за поделба на работата, барање и нудење помош на другите и планирање на наредните чекори.

Автор: Петар Словиќ
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура