X
 28.09.2018 Култура

Драги Михајловски, Ристо Лазаров, Петар Арсовски и Александар Ставридис наградени со „11 Октомври“


Проф. д-р Драги Михајловски, преведувач и писател, Ристо Лазаров, писател и новинар, Петар Арсовски, актер, и проф. д-р Александар Ставридис, хирург-уролог се добитници на државната награда „11 Октомври“ за 2018 година.
Михајловски, Лазаров и Арсовски ја добиваат наградата за животно дело во областа на културата и уметноста, а Ставридис за животно дело во областа на здравството.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на својата последна седница.
Државната награда „11 Октомври“ се доделува како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 Октомври во Собранието на Република Македонија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура