Нова психоделична визуализација на истражувачите од НАСА покажува како црна дупка го изобличува изгледот преку искривување на материјата околу неа, мотајќи ја светлината со големата гравитација.
Џиновските црни дупки често се појавуваат во центарот од големите галаксии, каде што собираат големи количини од разни нешта во мал простор. Резултирачкото гравитационо поле јаде сè, дури и
светлина.
Внатрешниот гас најблиску до дупката орбитира околу дупката со брзина која е речиси еднакво голема како брзината на светлината.
Фото: NASA
Причината поради која има одделни прстени кои се издаваат од дното е поради интензивните гравитациони сили што ја превиткуваат светлината емитувана од дискот и обезбедувајќи на тој начин поглед во дното на дискот.
Во април годинава беше направена првата фотографија од црна дупка. Научниците веќе работат на тоа да добијат појасна снимка во повисока резолуција со користење два или три сателита.