Спектакуларно тајмлепс-видео доловува како изгледа поларната светлина од вселената.
Видеото е направено од астронаут на НАСА на Меѓународната вселенска станица и покажува орбитален премин над Индискиот Океан прекриен со поларна светлина.
Снимката, исто така, прикажува впечатлив поглед на Месечината, која го осветлува Коралното Море источно од Австралија.
Поларната светлина се појавува кога честичките од соларните бури удираат во гасови во атмосферата, при што судирот води до овие привлечни глетки.
Додека астронаутите на вселенската станица добиваат уникатен поглед на феноменот, поларната светлина е видлива и од планетата Земја, а најдобрите места за набљудување се Алјаска, Канада, Исланд, Гренланд, Норвешка, Шведска и Финска, како и Тасманија и Нов Зеланд од другата страна на планетата.
Постојат два вида поларна светлина: аурора бореалис, што значи зора на северот, и аурора австралис, што значи зора на југот.
Извор:
Daily Mail
Фото: Screenshot/Twitter