X
 28.09.2019 Живот

Преселувањето во оваа земја ќе ве направи посреќни и поздрави

Ново истражување го открива она што веќе го знаат сите што живеат во оваа земја: преселувањето во Шпанија ќе ве направи посреќни и поздрави. Но, веројатно вашата кариера ќе доживее поголем пад.

Шпанија го постигна својот највисок генерален пласман во новото глобално истражување спроведено на иселениците, со што стана петтото најдобро место за живеење.

Околу 64 земји биле рангирани од 20.225 учесници од целиот свет во годишното истражување „Експат инсајдер“ од „Интерјнешонс“.

Истражувањето ги разгледува најдобрите и најлошите места за живеење на иселениците, оценети според неколку критериуми, како квалитет на животот, леснотија за приспособување, лично финансирање и работа и семеен живот.

97 отсто од испитаниците во Шпанија изјавиле дека уживаат во климата и времето, а над половина (52 отсто) високо го оценуваат квалитетот на медицинска нега.

zemja
Фото: Depositphotos


Како и обично, Шпанија се рангира меѓу првите во Индексот на семејниот живот (на петто место) и меѓу топ-5 земји четврта година по ред во Индексот за квалитет на животот, достигнувајќи го второто место веднаш зад Португалија.

Вкупно 72 отсто изјавиле дека преселбата во Шпанија ги направила посреќни, 81 отсто од иселениците во Шпанија изразиле задоволство од нивните активности во слободното време и дружење.

Кога станува збор за квалитетот на здравствената заштита, Шпанија се најде на второ место со над половина од иселениците (52 отсто) што рекле дека е многу добра. Единствено здравствените услуги во Тајван биле рангирани на повисоко ниво.

Дури и во Индексот за лични финансии Шпанија се рангира високо, со што се искачи на 23. место на глобално ниво.

81 отсто од иселениците во Шпанија се задоволни од трошоците за живот во целина.

Но, што е со спријателувањето и приспособувањето во нова земја?

Додека Франција не доби поени во ова поле, наоѓајќи се на дното, Шпанија продолжува со одличните резултати.

Шпанија во последните шест години се рангира во првите десет во поткатегоријата „Чувство како дома“, а оваа година се најде на третото место иако учењето на јазикот има суштинско значење ако сакате да имате пријатели во Шпанија.

Единствената област каде што Шпанија не се рангира на високо место беше категоријата „Кариера“. Речиси три од десет иселеници (29 отсто) се разочарани од нивните можности за кариера во Шпанија. Иселениците сметаат дека недостигаат можности за кариера, а не можете да направите многу ако не го зборувате јазикот.

Недостигот на можности за кариера делумно се должи на лошата шпанска економија. Повеќе од половина од иселениците (53 отсто) се задоволни од моменталната состојба на економијата, во споредба со 63 отсто на глобално ниво.

Повеќето луѓе што имаат работа во Шпанија високо го рангирале својот биланс на работа и живот - 69 отсто велат дека се задоволни од овој фактор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот