Богатите луѓе патуваа помалку од вообичаено за време на пандемијата, но повторно се во движење сега. Експертите проценуваат дека вкупно 122.000 богаташи ќе се преселат во нова земја до крајот на годината.
Консултантската фирма „Хенли енд партнерс“ објави извештај во кој го следи движењето на богаташите во последните 10 години. Било направено и предвидување за бројот на богати лица што ќе ги напуштат своите земји, односно ќе се преселат годинава.
Земјите што ќе примат најмногу милионери и милијардери во 2023 година се Австралија, Обединети Арапски Емирати, Сингапур, САД, Швајцарија, Канада, Грција, Франција, Португалија и Нов Зеланд.
Од друга страна, земјите од каде што ќе се иселат најмногу милионери и милијардери во 2023 година се Кина, Индија, Обединетото Кралство, Русија, Бразил, Хонгконг, Јужна Кореја, Мексико, Јужноафриканска Република и Јапонија.
Мапата ги претставува земјите што ќе изгубат и земјите што ќе добијат најмногу милионери и милијардери годинава. Мапата може да ја погледнете во поголема резолуција
овде.
Извор и фотографија:
Visual capitalist