Со оглед на тоа што пандемијата нѐ натера да го промениме начинот на работа, па сега во преден план е работењето од дома, и тоа како ни е потребен лесно пренослив лаптоп со моќни перформанси. Една од најинтересните опции што моментално ви се на располагање е новиот „Matebook D 15“.
Иако првичниот фокус на „Хуавеј“ бил само на делови за телефони, „Хуавеј“ го гради своето име на пазарот на лаптопи. Уште од 2018 година, „Хуавеј“ се занимава со производство на преносни компјутери и тоа во сите категории. Која е предноста на „Matebook D 15“ во однос на конкуренцијата?
Најпрво, фантастичната оптимизираност на оперативниот систем Windows 10 Home со избраните компоненти, па работата е брза.
Дизајн
„МateBook D 15“ е 15,6 инчен ултра-тенок лаптоп со FullView дисплеј и нов процесор „Generation AMD Ryzen“. Со дебелина од 16,9 милиметри, „MateBook D 15“ е лесен персонален компјутер што не би сакале да го пропуштите. Лаптопот има резолуција од 1920 х 1080 пиксели, IPS анти-отсјај. Односот екран-тело е 87 отсто, а аголот на гледање може да достигне импресивни 178 степени. Неговата тежина е 1,53 килограми.
Лаптопот е опремен и со вграден фотоапарат од 1 мегапиксели.
Лаптопот доаѓа во две верзии на сива боја (Mystic Silver и Space Grey) и е изработен од алиминиум со брусена површина, а горниот панел има мат завршница.
„MateBook D 15“ има неколку модели, а табелата во продолжение ги покажува спецификациите за секој модел.
Уредот е опремен со класичен HDMI порт, 3,5 мм аудио-приклучок, два класични USB конектори (еден 3,0 и еден 2,0) и USB Type-C приклучок за сите уреди со таков влез, како и за полначот што доаѓа со лаптопот во кутијата. „Хуавеј“ го опреми „MateBook D 15“ со брз полнач од 65 вати, што батеријата до 53 отсто ја полни за само половина час. Полначот е истовремено и супер-брз полнач за смартфоните на „Хуавеј“. Интересно е што лаптопот можете да го полните со било кој „Хуавеј“ полнач или некој друг што има USB Type-C, како што и смартфонот може да го напојувате со полначот што доаѓа со „MateBook“. Поддржано е брзо полнење во зависност од брзината на полнење на самиот смартфон, додека компјутерот со други полначи се напојува побавно.
Перформанси и графика
Лаптопот доаѓа со AMD Ryzen 7 3700U процесор, чии јадра се базираат на Zen+ архитектура и користат унапреден систем на изработка од 12 нанометри. Брзината е 2,3 GHz и можно е да се зголеми до 4,0 GHz. Работната меморија изнесува 8 GRAM DDR4 и можно е да се прошири со 16GB, но само во сервисен центар.
Како што напоменавме погоре, Windows 10 Homе не прави апсолутно никакви проблеми, лаптопот совршено работи, не грее претерано ни при играње на игри од продавницата на Windows Store. Батеријата издржува помеѓу шест и осум часа активна работа. Што се однесува до игрите, иако овој лаптоп не е наменет за видеоигри, тоа не значи дека нема да ги поддржи, секако со намалување на резолуцијата.
Тастатура и touchpad
Уште едно позитивно искуство во врска со овој лаптоп се тастатурата и touchpad-от. Самата тастатура е со целосна големина и е одлична за користење. На десната страна го нема стандардниот нумерички дел. Има дополнителни Hotkeys F опции, а копчињата се големи, јасно означени, со длабок од и добри повратни реакции. Одличен е и touchpad-от. Површината е мазна и нема физички одделени копчиња туку левиот и десниот клик се наоѓаат во долниот лев и десен агол. Станува збор за Windows Precision Touchpad. Ако користите Windows 10, лаптопот ќе има драјвери за него.
Клик за поголема резолуција