X
 28.10.2018 Живот

Професии што ќе бидат популарни во наредните 5 години

Ширењето на автоматизацијата неминовно ќе внесе одредени промени на пазарот на трудот, пред сѐ укинувајќи ги позициите на мануелните професии што ќе можат да ги извршуваат роботите.

Тоа ќе влијае и врз зајакнувањето на свеста за потребата од човечка креативност и посебни вештини.

„Кариербилдер“, глобална онлајн платформа за поврзување на работната сила и работодавците, го објавила истражувањето што го спровела на американскиот пазар на труд, за кое прогнозира дека во наредните 5 години ќе вработи уште 8 милиони луѓе. Најголемиот раст на вработување ќе реализира во високоплатените и нископлатените дејности - првите ќе бележат од раст од 5.7 отсто, а вторите раст од 5.6 отсто. Бројот на вработени со средно ниво на примања ќе порасне за 3.8 отсто.

profesii
Фото: Thinkstock


Меѓу добро платените професии најбарани ќе бидат сметководителите, но само во блиска иднина, бидејќи во далечна се очекува дека би можеле да ги заменат компјутерите. Работа ќе има и за наставниците, истражувачите на пазарот, компјутерската поддршка и водоинсталатерите.

Што се однесува до средните платени професии, во САД во наредните години би можело да бидат отворени уште 50.000 работни места за возачи на возила за достава, иако и нив за релативно брзо време би можеле да ги заменат автономните комбиња и автомобили, како и дроновите. Голема ќе биде и побарувачката за градежни работници, кадри што одржуваат различни машини, медицински сестри и професии од финансискиот сектор.

Меѓу послабите платени професии најлесно ќе се вработуваат трговците, готвачите, негувателите, работници во обезбедувањето и рецепционери во хотелите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот