X
 18.08.2018 Економија

Колку е важна страста за претприемаштвото?

На почетокот на секој семестар професорот по претприемаштво Ноам Васерман од Универзитетот во Јужна Калифорнија им поставува на своите студенти едно прашање: Колку е важна страста за претприемничката магија? Тој забележал дека неговите студенти често имале погрешна претстава за успешното претприемаштво.

- Добиваме громогласно: „Страста е клучна. Страста ќе биде главната состојка што ќе ми овозможи да одам и да успеам како основач“ - вели Васерман.

Тогаш тој им претставува студија на случајот за да им посочи дека страста може да стане ризик. Васерман истакнува дека страста може погрешно да ве наведе да мислите дека сте поподготвени да основате компанија од она колку всушност сте подготвени или да ве наведе да верувате дека вашата идеја е повредна отколку што навистина вреди.

Многу луѓе во светот на стартапите ја опишуваат страста како клучен елемент на основањето и водењето на компанијата. Сепак, истражувањата и искуствата сугерираат дека премногу страст може да доведе до потфрлување. Не само што може да доведе до погрешни одлуки, туку може да биде и непривлечна за потенцијалните инвеститори, кои повеќе би сакале да видат претприемач кој е добро подготвен.

Според една студија, смиреното однесување е поубедливо од нескротливиот ентузијазам. Основањето компанија затоа што во вас има страст за некоја идеја може да биде и крајно непрактично. Како што пишува претприемачот и експерт за мали бизниси, Карол Рот, страста може да направи да се фокусирате на себеси.

- Бизнисите доаѓаат од пазарната потреба. Не почнува од вас - вели таа.

Сето ова не значи дека не треба да бидете возбудени за основањето компанија. Но, врската меѓу страста и претприемачките перформанси може да биде посложена од она што сме биле наведени да верувавме.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија