X
 03.12.2020 Забава

Емисија од 1989 направила предвидување за иднината на домовите што е изненадувачки точно

Повеќето визии за иднината што биле претставени пред неколку децении најчесто се погрешни. Луѓето во минатото предвидувале летачки автомобили и роботи што зборуваат. Ова можеби ни претстои, но засега таквите изуми не се дел од нашето секојдневие.

Меѓутоа, во една телевизиска емисија од 1989 година се прави предвидување кое е изненадувачки точно. Во видеото водителот Стив Томас разгледува дом со телевизор со рамен екран и технологија која ги контролира светлото, амбиентот и музиката со говорни команди.

Телевизорот не изгледа многу поинаков од оној што го имаме сега, а технологијата со говорни команди се уредите како „Алекса“.


Автор: Рајд Мекартер
Извор: news.avclub.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава