Инсекти „тренирани“ во Германија низ Европа извршуваат специјална задача - работата им е да уништат други инсекти. Осите и други видови бубачки служат како замена за пестидици. Како функционира оваа минијатурна војна за истребување?
Ларвите на осите сакаат кога е топло, а најмногу им одговара температура од 25 степени.
- На оваа температура и се размножуваат - коментира Бернд Вирер отворајќи го климатизираното шкафче во кое летаат безброј инсекти.
За Вирер, овие инсекти се смртни непријатели на штетниците - пченкарниот молец кој уништува огромни количества житни култури низ светот.
И затоа овој посебен вид оси е омилен кај земјоделците во светот. Вирер докторирал биологија и работи како директор на германската компанија „Еј-ем-ви“.
Фото: Shutterstock
Да речеме дека некои видови оси и бубачки успешно ги контролираат штетниците. Инсектите се борат против инсектите.
Инсектите од германската компанија потоа стигнуваат на поле, во магацини, оранжерии и приватни станови низ Европа, и сето тоа целосно еколошки, без употреба на отрови.
Нападот на осите и другите бубачки врз штетниците може да послужи како инспирација за хорор-филм - тие ги положуваат јајцата во ларви. Нивните потомци однатре го јадат домаќинот.
- Звучи страшно, но тоа е природа - вели Вирер. Некои видови оси дури и ги користат возрасните примероци на штетниците како превозно средство до следното поле и живеалиште.
Компанијата „Еј-ем-ви“ го патентирала методот по кој гранулите со јајцата се исфрлаат од беспилотните летала или хеликоптери. Методот веќе стигнал до Канада, иако инсектите не смеат да се извезуваат преку Атлантикот.
- Ова го спречува ширењето на инвазивните видови - објаснува Вирер.
Побарувачката за живи
инсектициди се зголемува, особено во Франција, бидејќи сè повеќе земјоделци преминуваат на еколошки начин на земјоделство што забранува многу инсектициди и пестициди.
Потенцијални купувачи има и надвор од Европа и Канада, но потребно е да се работи со голема внимателност бидејќи постои опасност од нарушување на природната рамнотежа.