X
 28.01.2023 Наука

Дали оптимизмот навистина го подобрува здравјето?

Луис Рохас Маркос е шпански психијатар кој живее во САД од 1968 година и работи како професор по психијатрија на Универзитетот во Њујорк, обработувајќи главно теми поврзани со психофизичката благосостојба и чувството на среќа. Дали оптимизмот го подобрува здравјето?

Во неговата нова книга „Оптимизам и здравје: Што науката знае за придобивките од позитивното размислување?“ покажува сè што науката потврдила за придобивките од позитивното размислување, како и тоа дека оптимизмот го подобрува здравјето.

Една од највредните инвестиции што бара малку вложување и носи многу профит е да научите да се чувствувате и да размислувате позитивно.

Маркос ги разгледува сите аспекти на позитивното размислување и опишува докажани стратегии за промовирање на оптимистично, но сепак реално расположение. Тој ги истражува разликите меѓу оптимизмот и песимизмот, но и го потенцира влијанието што оптимизмот го има врз меѓучовечките односи, здравјето и работата.

Тој не го гледа тоа како ментална или интелектуална вежба, туку како алатка која ќе ви помогне да ги постигнете своите цели, подобро да се поврзете со другите, да ја надминете болеста и да водите среќен и здрав живот.

- Низ годините, во животот и во светот на медицината, психијатријата и јавното здравје, безброј пати се убедував себеси дека начинот на кој гледаме на ситуациите и како ги толкуваме има огромно влијание врз нашите чувства, одлуки, постапки и судови - истакнува д-р Луис Рохас Маркос.

- За да уживаме во здрав и исполнет живот, не е доволно само да ги лекуваме болестите што нè мачат, туку важно е да ги запознаеме и да ги зајакнеме поволните аспекти на нашата природа што ни помагаат во мотивацијата, надминувањето на предизвиците и постигнувањето на нашите цели - додава тој.

Извор: ddl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука