Поголемиот дел од фотографите го забележуваат животот со своите апарати, но не и Кристијан Рихтер. На неговиот профил на „Инстаграм“ може да се забележат само фотографии од остатоци од некогашен живот. Имено, тој фотографира напуштени згради низ Европа. Можеби звучи морбидно, но фотографиите на Рихтер ја покажуваат убавината на стариот континент која малкумина ја забележуваат.