X
 28.10.2021 Живот

Шпанска општина каде што жителите плаќаат помал данок ако рециклираат

Општината Ла Нусија во Шпанија има речиси 20.000 жители. Оваа општина, која е дел од автономната покраина Валенсија, се разликува од другите по данокот. Поточно, жителите на општината плаќаат помал данок доколку рециклираат.

Тоа не е единствената поволност што општината им ја нуди на жителите - полнењето на електричните автомобили е бесплатно за сите. Општината веќе 20 години работи на својата одржливост. Како што објаснил градоначалникот Барнабе Кано, првиот чекор бил отстранување на сообраќајот од стариот дел од градот, по што биле засадени повеќе зелени површини.



Градот, исто така, забранил изградба на станови во една зона, каде што се дозволени само куќи. Освен тоа, градските архитекти се ангажирани да проектираат одржливи згради.

Овој начин на водење на градот привлекол и познати спортисти. Олимписки прваци и англиската фудбалска репрезентација тренирале во одржливиот спортски комплекс од 400.00 квадратни метри во општината.

Ла Нусија привлекува и други странци, а во неа живеат луѓе родени во над 100 различни земји.

Извор: Green
Фото: Instagram (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот