X
 20.11.2015 Живот

Пакомак доби нова 5 годишна дозвола за работа

Пакомак е прв и најголем колективен постапувач со отпад од пакување во Македонија, единствена компанија со остварени национални цели четири години по ред.



Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) позитивно ја оцени апликацијата на Пакомак за продолжување на дозволата за работа за постапување со отпад од пакување доставен од страна на компанијата Пакомак и на 12 ноември 2015 година и официјално ја продолжи дозволата на ПАКОМАК за следните пет години. Ова е резултат на севкупните активности кои беа реализирани изминативе години пред се на инвестициите во инфраструктура (контејнери и канти за собирање на отпад од пакување) како и на бројните едукативни кампањи за подигнување на јавната свест на населението. Во моментов Пакомак има склучено договори со компаниите кои што  создаваат 42% од вкупниот отпад од пакување во Македонија, има договори со 16 општини од Република Македонија за организирано одделно собирање на отпадот од пакување, и е единствена компанија од Македонија приклучена на интернационалната мрежа за управување со отпад од пакување ProEurope и ја има лиценцата за употреба на симболот “Green Dot”. Пакомак оваа година доби и национална награда за општествено одговорни практики од Министерството за економија на РМ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот