Археолози открија три дрвени ковчези во градот Луксор на југот на Египет. Наодите се стари околу 3.500 години, а за откритието е заслужен францускиот археолошки тим задолжен за некрополата Ал-Асасиф, објави вчера египетското министерство за старини.
Трите ковчези, сите со должина од речиси два метра, се од 18. династија (1550-1295 г. пр.н.е.). Оштетувањата се мали и се прошарани со орнаменти и хиероглифи, истакна претседателот на Врховниот совет за египетската древност, Мустафа Вазири.
Египет изминативе месеци објави низа откритија што би можеле повторно да го оживеат замрениот туризам – некогаш главен извор на приходи на државата. Туристичка индустрија беше тешко погодена по немирите во 2011 година против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак.
Министерството викендов објави и дека се откриени повеќе мумифицирани животни во некрополата Сакари близу Каиро. Во октомври во Луксор беа откриени 30 добро сочувани дрвени ковчези со мумии стари околу 3.000 години.
Извор: МИА