X
 17.05.2019 Живот

Вака изгледа најширокиот мост на светот

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси го отвори мостот над Нил, кој е прогласен за најширок на светот.

Градбата е еден во низата големи проекти предводени од војската и е направена за подобрување на инфраструктурата и за создавање работни места.

Мостот, кој минува над Нил северно од централно Каиро, е клучна врска на автопатот кој се протега од Црвеното Море на исток до северозападниот брег на Египет и е наменет за намалување на сообраќајниот метеж во престолнината.

Како најширок мост, тој има по шест сообраќајни ленти во секоја насока и е широк 67,3 метри. Регионалниот директор за Гинисовата книга на рекорди присуствуваше на отворањето и потврди дека тоа е најширокиот висечки мост на светот.

За неговата конструкција биле употребени околу милион кубни метри бетон и 1.400 километри челични жици за 160 кабли, стои во презентацијата претставена на официјалното отворање.

Мостот минува преку островот Варак, кој има околу 100.000 жители, а некои од нив протестираа против планираните рушења на островот и проектот за развој на островот во модерна станбена заедница

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот