X
 01.08.2018 Живот

Која држава има најзаоблена, а која најквадратна форма?

Погледнете ја картата на Турција и ќе се согласите: има форма на правоаголник. Зошто е погрешно прашање. Како и повеќето меѓународни граници, така и турските се резултат на геополитички настани, не на естетика и геометриски дизајн. Подобро е прашањето колку всушност е правоаголна Турција? Дали таа е најправоаголната држава во светот?

За да го одговорите тоа прашање, ќе мора да најдете сет со податоци кој детално ги опишува границите на сите држави на Земјата и да измислите аллгоритам кој ја споредува формата на секоја земја со оптимален правоаголник со иста површина. Токму тоа го направил Австралиецот Дејвид Бери.

Неговиот заклучок е дека Турција е 15-та најправоаголна земја во светот. Победникот во оваа категорија е Египет. Ако ја погледнете картата на Египет, ќе забележите дека оваа држава има форма на квадрат, но веќе знаеме дека и правоаголникот и квадратот се паралелограми. Квадратот е правоаголник бидејќи еден внатрешен прав агол значи четирите внатрешни агли се по 90°.

Фото: Big Think

Меѓу првите десет земји со најправоаголна форма се најде и Македонија, која се најде на седмото место и има резултат 0,921.



Фото: Big Think

Ова доведе до спротивното прашање: Која е најзаоблената земја во светот? На тоа прашање одговор даде Гонзало Сируелос, аргентински математичар. На врвот на таа листа е Сиера Леоне.

Како што посочуваат победниците во двете категории, Африка изобилува со различни форми. Но, најинтересната земја во двете рангирања е Ватикан. Излегува дека Ватикан е четвртата најзаоблена и втора најправоаголна земја во светот.

Во дефиницијата на Бери, оптимална правоаголност е максималниот процент на преклопување на земја со правоаголник на истата област. Тој прв признава дека неговиот алгоритам можеби не е соодветен за некои земји со сложени форми (како на пример Италија) или со неповрзани делови од земјата.

Сепак, сечејќи ги празните пустини, египетските источна и јужна граница се сосема прави. Бир Тавил е забележлив, но статистички незначителен исклучок. Во комбинација со прилично праволинискиот медитерански брег на север и малку закосениот брег на истокот, Египет има резултат за „правоаголност“ од 0,955 (од 1) и со тоа го зазема првото место.

Ватиканските граници се многу поразнообразни од оваа квадратна изведба - можеби затоа што базата со податоци не е изградена за да го отсликува описот на најмалата држава во светот. Тоа може да објасни зошто Ватикан е на второто место на оваа листа.

Фото: Big Think

Во однос на спротивното рангирање, Сиера Леоне е лидер кога станува збор за заобленост, покрај тоа што е и 14-та нaјправоаголна земја во светот.


Фото: Big Think

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот