Хрватскиот град Пула доделува 190 садници кои ќе бидат засадени во градот во текот на овој месец во рамките на кампања за колективно садење дрвја. Градот нуди 70 маслинки, 60 смокви, 45 калинки и 15 калемени лешници кои жителите треба да ги засадат во своите дворови.
Освен тоа, градот Пула во следниот период ќе засади и нови дрвја на јавните зелени површини за да се зголеми зеленилото во градот, да се заштити и зачува околината и да се намалат климатските промени.
Фото: Пула/Pixabay
Во последните десетина години во Пула биле засадени над 1.000 дрвја и грмушки, со што значително се намалиле емисиите на јаглероден диоксид.
Еден од приоритетите на градот е одржливиот развој и развивањето на свеста за важноста на зеленилото во квалитетот на животот, како и одговорноста во однос на климатските промени.
Извор:
Green
Фото: Pixabay