Просветните работници во основните и во средните училишта во Хрватска денеска стапуваат во штрајк, најавија Независниот синдикат во средните училишта и Синдикатот на хрватските училишта.
Претставниците на двата образовни синдикати изјавија дека е прекинат социјалниот дијалог, но се надеваат дека ќе продолжи.
Тие истакнаа дека понудата на премиерот Андреј Пленковиќ за зголемување на основната плата не е исто што и зголемувањето на коефициентот на сложеност на работата.
Извор: МИА