Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека главната цел на неговата земја е да има најмоќна нуклеарна сила на светот.
Крајната цел на нуклеарната програма на Северна Кореја е да поседува апсолутна сила без преседан, изјави Ким во саботата, на церемонијата на која промовира десетици офицери вклучени во неодамнешното лансирање на најголемата севернокорејска балистичка ракета, „Хвасонг-17“.
Станува збор за огромна ракета која теоретски е способна да испорача нуклеарна боева глава до копното на САД.
Ким во говорот ги пофали официјалните лица што ја развија новата ракета. Ракетата ја нарече најсилното стратешко оружје во светот и прекрасен скок напред во развојот на технологијата за монтирање нуклеарни боеви глави на балистички ракети.
Со развој на новата ракета, Ким рече дека Северна Кореја му покажа на светот сигурна, победничка иднина на државата која напредува кон целта: изградба на најсилната армија во светот.
Во писмото испратено до Ким неодамна научниците од севернокорејската Академија за одбранбени науки велат дека пробното истрелување означило голема историска победа на земјата, покажувајќи го суверенитетот на Северна Кореја.
Ким присуствуваше на лансирањето со женска личност за која се верува дека е неговата ќерка, ЏУ Ае.
Извор:
CNN
Фото: Korean Central News Agency