Јутјуберот Барни Диларстоун поставува подводни камери низ Индо-Пацификот во потрага по нови знаења за науката. На почетокот од годинава тој ја спуштил својата подводна камера на 200 метри под површината на Балиското Море во Индонезија.
Снимките покажале многу ноќни морски суштества што ретко се гледаат. Една снимка веднаш се истакнала, а на неа Диларстоун успеал да сними животно кое дури и експертите не можеле да го класифицираат. Видеото го прикажува моментот кога неговата камера била спуштена за да набљудува што излегува во длабоките води навечер. Во текот на втората ноќ од снимањето камерата успеала да сними еден непознат вид суштество.
Овој вид е дел од поширокото семејство ражи и обично се наоѓа во делови од Индо-Пацификот, во близина на Источна Австралија. Но неговата распространетост не ја вклучува областа каде што снимал Диларстоун.
- Овој вид животно не треба да биде во Индонезија - вели јутјуберот во видеото.
Морските биолози со кои подоцна се консултирал исто така не успеале да го идентификуваат животното и претпоставиле дека станува збор за вид кој никогаш не бил забележан на тоа подрачје.
Научниците проценуваат дека до два милиони видови би можеле да го населуваат светскиот океан, а некои процени се дека бројот може да биде и поголем. Сепак, според извештајот на Светскиот регистар на морски видови од 2023 година, формално се идентификувани помалку од 250.000 морски видови.
Фото: Screenshot/YouTube