Загадувањето на воздухот може да го замагли вашиот вид подоцна во животот, покажува големо истражување кое открило врска помеѓу загадувањето на воздухот и дегенерацијата на макулата, клеточно заболување на окото што може да доведе до неповратно слепило.
Наодите служат како јасен потсетник за многу начини на кои загадувањето на воздухот може да биде штетно за нашето здравје, иако за ова истражување фактите се слабо истражени, но несомнено е дека постои врска.
- Нашите откритија даваат сè поголем доказ за штетните влијанија на загадувањето на воздухот, дури и во услови на релативно мала изложеност - пишуваат авторите на истражувањето.
Најголемата загриженост за јавното здравје се однесува на загадувачи како што се честички (прашина, саѓи), азот диоксид, сулфур диоксид и други гасови емитирани од моторни возила, тешка индустрија и шумски пожари.
ПМ 2,5 честичките се особено загрижувачки. Овие микроскопски честички, помали од 2,5 микрометри, може да навлезат длабоко во белите дробови и во крвотокот, предизвикувајќи воспаление.
Фото: Freepik
Повторувачкото изложување на загадувачи како овие може да ги иритира очите и грлото, предизвикувајќи тешкотии во дишењето. Понатаму, загадувањето на воздухот претставува 43 отсто од смртните случаи од хронична опструктивна белодробна болест и повеќе од една четвртина од сите смртни случаи од рак на белите дробови, срцеви заболувања или мозочен удар.
Во ова истражување, фокусот бил ставен на дегенерација на макулата поврзана со возраста, состојба во која
видот на човекот се влошува со годините, што доведува до зголемено губење на видот и потенцијално слепило.
Болеста е поврзана со непропустливи крвни садови на задниот дел од окото и мали капки маснотии и протеини што се акумулираат во макулата, дел од окото во центарот на мрежницата. Генетиката и пушењето се меѓу главните фактори на ризик за оваа состојба.
За нивната анализа, истражувачите извлекле податоци за илјадници лица во Британија и го процениле годишното ниво на загадувањето на воздухот околу нивните домови користејќи други јавно достапни податоци.
Истражувањето утврдува дека луѓето што биле изложени на повисоки нивоа на загадување на воздухот од ситни честички имале поголеми стапки на самопријавена дегенерација на макулата поврзана со возраста.
Извор:
Sciencealert.com
Фото: Freepik