Научници велат дека им го вратиле видот на 20 луѓе кои имале значително оштетен вид со помош на синтетичка рожница направена од кожа од свиња.
Во ново
истражување се опишува како истражувачи од Индија и од Иран создале синтетички рожници од таканаречен колаген од замрзната свинска кожа. Оваа рожница потоа им била имплантирана на 20 лица со многу оштетен вид.
По 24 месеци, во текот на кои не биле забележани никакви несакани ефекти од страна на пациентите, на сите учесници во експериментот им бил вратен видот и способноста да носат леќи.
Во посебни лабораториски истражувања научниците откриле дека синтетичките рожници направени од свински колаген биле многу подолготрајни бидејќи траат најмалку 2 години, во споредба со ткивата од човечки донори кои траат само една или две недели.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay