X
 28.12.2015 Наука

Дали треба да се фрли храната на која слетала мува?

Потребна е само една мува на вашиот ручек за да предизвика паника поради бактериите кои ги носи со неа. Но, колку штета може да направи една мува на вашата храна? Дали треба храната да се фрли?

Постојат стотици различни видови на муви.  Оваа разновидна група на инсекти има толку многу подвидови кои играат важна улога во природната средина, особено во процесот на распаѓање на нештата, опрашување на растенијата како и обезбедување на храна за предаторите поголеми од нив. Ние можат да помогнат во решавање на кривични дела и да третираат инфицирани рани.

Голем дел од мувите претставуваат ризик по здравјето, но никоја од нив не е поприсутна во нашите домови од домашната мува. Таа е присутна во текот на топлите месеци, може да биде доста досадна и може да донесе потенцијален ризик по здравјето на човекот.

Musca domestica, латинското име на оваа мува, е една од најраспротранетите инсекти во светот која живее околу и во нашите домови. Таа е тесно поврзана со органскиот отпад кој скапува, вклучувајќи ги и мртвите животни и фекалиите.

После несењето на јајца, се изведуват ларвите и јадат органски материјал пред да станат возрасна мува, неколку дена подоцна. Возрасните муви може да живеат до еден месец и во тоа време да положат стотина јајца.

Кога станува збор за пренесување патогени, не секогаш значи дека самата мува пренесува, туку важно е од каде таа доаѓа. Мувите не ги посетуваат само свежо направените сендвичи. Тие поголемиот дел од времето го поминуваат покрај животинските и растителните остатоци - кај овој вид на отпад голем е бројот на патогени и паразити.

Домашните муви не касаат. За разлика од комарците кои пренесуваат патогени врз здравјето на луѓето преку нивната плунка, мувите ги пренесуваат патогените преку нивните нозе ителото. Освен што оставаат патогени стапалки, тие исто така го оставаат и својот измет на нашата храна. И повраќаат.

Мувите немаат заби - кога каснуваат од нашата храна тие мораат да исплукаат плунка богата со ензими, со што им помага да цицаат од неа. Ако една мува има доволно време да се прошета низ нашата храна, цицајќи ја и оставајќи го својот измет, шансите за оставање на патоген се многу високи.

Што треба да направиме кога мувата била на нашата храна?

Во повеќето случаи, кога ќе забележите мува на вашата храна не значи дека мора да ја фрлите. Иако постои сомневање дека мувите носат бактерии, вируси и паразити од отпадот до нашата храна, еден допир нема да предизвика синџир на реакции кои доведуваат до болести за просечната здрава личност.

Мувите кои поминале подолго време со нашата храна претставуваат поголема загриженост. Колку повеќе време поминува, толку е поголема шансата да бидат оставени патогени, а тогаш се зголемува ризикот.

Доколку има повеќе муви и тоа би било аларм за загриженост, меѓутоа ризикот генерално е повисок во регионите надвор од градот бидејќи постои поголема шанса да биле во допир со мртво животно.

Доколку не сакате да преземате ризици, тогаш покријте ја вашата храна додека приготвувате, готвите и сервирате - не оставајте остатоци од храната надвор. Постојано чистете го ѓубрето и имајте инсектицидни спрејови кои ќе ги задржат мувите надвор од вашиот дом.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука