X
 27.11.2022 Здравје

Кардиолог наведува неколку намирници што секогаш ги одбегнува

Не е реално да се обидувате да имате совршена исхрана цело време, но мали промени може да ви помогнат да го зачувате срцето, според Хармони Рејнолдс, американски кардиолог. Таа вели дека одбегнува одредени намирници како сланина и чипс за да го зачува здравјето на срцето.

Според неа, тешко е да се следи совршена исхрана, но таа одбегнува одредена храна и користи стратегии за да ужива и во помалку здравата исхрана.

Не за маргаринот и кокосовото масло

Рејнолдс изјавила дека одбегнува маргарин, растително масло и кокосово масло бидејќи тие го зголемуваат ризикот од срцеви болести. Путерот е подобра алтернатива доколку се користи во умерени количини, а маслиновото масло е најздрава опција, вели таа.

Тешко е да јадеш малку чипс

Рејнолдс вели дека не јаде чипс бидејќи е тешко да се изеде само малку чипс. Пуканките се поздрава опција, а таа препорачува и јадење свеж зеленчук наместо грицки. Кога сака да јаде нездрави чоколадни десерти, таа јаде само малку и купува помали пакувања.


Фото: Pixabay

Јаде сланина само во специјални пригоди

Месото се поврзува со зголемен ризик од сериозни болести, како рак и срцеви болести, според Рејнолдс. Сепак, таа сака сланина и си дозволува да ја јаде неколку пати во годината во специјални пригоди.

Заменете ги десертите со темно чоколадо

Рејнолдс додала дека се обидува да одбегнува десерти како пакувани колачи и крофни бидејќи имаат многу шеќер и нездрави масти. Наместо тоа, таа јаде овошје, јогурт, темно чоколадо и јаткасти плодови.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје