X
 28.12.2017 Култура

Божиќни филмови за мерак...

1. It’s a wonderful life (1946)

Оваа филмска класика годинава дефинитивно го заслужува првото место во овој божиќен избор. Станува збор за семеен филм, а ако не сте го гледале, сега е вистинското време за тоа. Станува збор за ликот Џорџ, кој е очаен и кој ја губи волјата за живот, а го толкува актерот Џејмс Стјуарт. На Бадник го посетува неговиот ангел чувар, кој му покажува каков би бил животот на неговите сакани без него и колку животи притоа би се промениле.

2. Bridget Jones’s diary (2001)

Рене Зелвегер како главен лик ќе ве насмее до солзи додека се обидува да си најде момче за сериозна врска. Изборот ќе падне помеѓу сериозниот адвокат Марк Дарси, кој го игра Колин Фирт, и нејзиниот шеф Даниел Клевер, кој го толкува Хју Грант.

3. The holiday (2006)

Со намера да избегаат од љубовните проблеми, Ирис (Кејт Винслет) и Аманда (Камерон Дијаз) за време на божиќните празници одлучуваат да си ги заменат домовите.
Во приказната се вклучува Џек Блек како пријател на Аманда, кој го запознава Ирис, и Џуд Ло како брат на Ирис, кој со Аманда разменува обострани чувства на наклоност. Се чини дека понекогаш бегството на друг континент е најдобра опција.

4.White Christmas (1954)


Уште една филмска класика во која главната улога ја игра Бинг Крозби, кој во филмот ја изведува истоимената славна песна. Станува збор за двајца војници кои по војната стануваат исклучително популарни забавувачи.
Една вечер одлучуваат да го погледнат дуото забавувачи составено од две сестри и тука почнуваат „проблемите“. Овој мјузикл е неодминлив за оваа доба од годината, ако сакате да ја почувствувате златната холивудска божиќна атмосфера.

5. Love actually (2003)

Еден од најпопуларните и најобожавани божиќни филмови. Се разбира, овој епитет е заслужен. Љубовта во насловот се однесува на сите нејзини видови, но и проблемите што притоа доаѓаат.
Од семејна, пријателска, романтична, па до онаа невозможната и невозвратена. Во овој филм се обработуваат десет приказни кои се меѓусебно поврзани. Со ист интензитет ќе уживате и во комичните и во тажните сцени. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура