Стотици илјади луѓе низ светот вчера, на католички Бадник споделија радост со ѕвонење на ѕвончиња за да ги израдуваат оние што се осамени на празниците.
Иницијативата наречена „Бадникови ѕвончиња“ ја започнала Мери Бегс-Рајд за да ги одбележи празниците заедно со своите соседи во Херогејт, Северна Англија и покрај мерките за
ограничено движење поради коронавирусот. Таа ги поканила соседите да излезат во 18:00 на 24 декември и заедно да ѕвонат со ѕвончиња две минути. Освен тоа, таа ги охрабрила сите да им донираат ѕвончиња на оние што се осамени за време на празниците за да може да се приклучат на иницијативата.
Бегс-Рајд открила за „Јуроњуз“ дека ја добила идејата од филмот „Елф“, во кој сите пеат на крајот за да му помогнат на Дедо Мраз да лета.
- Сакавме да направиме нешто за децата, да го направиме Бадник магичен и да имаме убав спомен од 2020 - изјавила таа.
Нејзината идеја стигнала далеку и преку настанот на „
Фејсбук“ се пријавиле речиси половина милион луѓе од целиот свет за да учествуваат во иницијативата.
Извор:
euronews.com
Фото: Pixabay