Според податоците од Федералните резерви на САД, вкупните студентски кредити достигнале 1,6 билиони долари во вториот квартал од годинава. Ова е зголемување од 40 отсто во споредба со истиот период пред една деценија.
Администрацијата на Џо Бајден неодамна најави дополнително откажување на студентските долгови во вредност од 9 милијарди долари, со што вкупната вредност на откажани студентски кредити ќе достигне 127 милијарди долари.
Веб-страницата „Вижуал капиталист“ направи инфографик во кој покажува колкав е просечниот студентски долг по насока на студирање во САД.
На врвот се социјалните науки со просечен студентски долг од 42,8 илјади долари. Следуваат религиозните науки со просечен студентски долг од 32 илјади долари, општествените науки со 28,6 илјади долари и кулинарството со 28,6 илјади долари.
Инфографикот покажува и дека просечниот студентски долг на студентите во приватните универзитети изнесувал 33 илјади долари во 2021, додека за оние во државните установи изнесувал 27 илјади долари.
Целиот графикон можете да го погледнете
овде.
Извор:
Visual capitalist
Насловна фотографија: Pixabay