28.12.2021
Живот
Бесплатен превоз во ЈСП поради загадениот воздух
Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје соопшти дека поради загадениот воздух во главниот град, од вчера јавниот превоз е бесплатен за сите граѓани.
- Оваа одлука е една од пакетот итни мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните - стои во соопштението.
Од ЈСП истакнаа и дека мерката ќе важи до наредните препораки.