X
 15.02.2018 Култура

Германија размислува за бесплатен јавен превоз во градовите

germanija

Германската влада размислува за воведување бесплатен јавен превоз во градовите за да се подобри квалитетот на воздухот.

„Размислуваме за тоа јавниот превоз да биде бесплатен за да се намали бројот на личните возила во сообраќајот“, се вели во писмото што го испратила министерката за животна средина Барбара Хендрикс, министерот за транспорт Кристијан Шмит и министерот за финансии Питер Алтмаиер до еврокомесарот за животна средина Кармену Вели.

Оваа мерка би требало да биде пробно воведена во пет града: Бон, Есен, Херенберг, Рејтинген и Манхајм, а би требало да стапи во сила најдоцна до крајот на годинава.

Идејата предизвикува различни реакции во Германија, од оние што ја поддржуваат до оние што прашуваат кој ќе го плати сето тоа.

Во пакетот мерки, во кој освен бесплатен јавен превоз се наведуваат уште неколку идеи, Берлин се надева дека ќе ја убеди Европската комисија да не го пријават во Европскиот суд на правдата поради прекумерно загадување на градовите.

Европската комисија наредниот месец ќе одлучува дали да преземе правни мерки против девет земји за кршење на правилата против загадувањето, а меѓу нив е и Германија.

Земјите добија предупредување кон крајот на јануари бидејќи редовно ги надминуваат границите на емисиите на стакленички гасови и од нив било побарано да дадат предлози за тоа како ќе го намалат загадувањето во нивните градови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура