X
 21.04.2022 Живот

ЈСП: За претстојниов празник автобусите ќе возат по неделен возен ред

По повод претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160 и 180 кои ќе возат по делничен возен ред, соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Оттаму додаваат дека сабота, недела и понеделник автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Во соопштението се наведува дека утре и в недела, од 7 до 14 часот, дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров. В сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а понеделник е неработен ден за сите продажни места.

Доколку викендов сакате да се возите со жичницата, треба да знаете дека таа утре, в сабота и в недела ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, а в понеделник нема да работи.

Линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) в понеделник нема да сообраќаат, а во преостанатите празнични денови ќе возат по неделен возен ред, соопштија од ЈСП.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот