Центарот на хрватскиот главен град Загреб наскоро ќе добие нов облик на јавен превоз кој ќе биде бесплатен.
Тамошните власти најавија дека во центарот на градот од 15 јуни ќе биде достапен превоз со електричните возила „фулир“.
- „Фулир“ е повеќе од услуга за превоз. Тоа е чекор кон поодржлив, попристапен и посрдечен Загреб, кој на многумина ќе им го олесни секојдневието и ќе го подобри квалитетот на животот во центарот - изјави градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ.
Овој облик на јавен превоз главно е наменет за постарите лица, тешко подвижните и лицата со инвалидитет, но ќе биде достапен и за другите граѓани и туристи.
Електричните возила имаат капацитет за петмина патници и ќе бидат достапни секој ден од 8 до 20 часот. Превозот ќе може да се нарача телефонски, а возачите сами ќе одговараат на повиците, ќе договараат локации и маршрути.
Станува збор за проект што ќе биде достапен до крајот на октомври.
Извор:
klix.ba
Фото: zagreb.hr