X
 29.01.2017 Наука

Проект Химера: Човечки клетки во ембрион од свиња

Тим научници успеал да комбинира човечки клетки со клетки од свиња. Со помош на овој хибрид целта е да се дојде до развој на органи кои би растеле во животни, а би биле пресадувани во луѓе.

Повеќе видови на матични клетки биле тестирани во ембрион од свиња, но само еден вид преживеале.Откако клетките биле ставени во ембрионот, тој бил вграден во свиња маторица да расте 3 до 4 недело. Од 2,075 ембриони кои биле вградени, само 186 се развиле до 28-от ден.

„Ова е доволно долго за нас за да се обидеме да разбереме како човечките и свинските клетки се мешаат без да има етичка загриженост за зрелите животни,“ изјавил Хуан Карлос Исписуа Белмонте, лидер на истражувачите во соопштение.

Пред да се создаде овој хибрид, биле додадени клетки од стаорец во ембрион од глушец за да се создаде ваков хибрид. Со користење на одреден геном научниците биле во можност да избришат специфични гени во оплодените јајце клетки кај глувчето.

Успехот во создавањето на органи во животни и нивно пренесување на луѓето е целта на истражувањето.

„Крајната цел е да расте и да функционира трансплантацијата на ткива и органи, но ние сме далеку од тоа“, рекол Исписуа Белмонте. „Ова е прв важен чекор.“

1
Фото: Salk Institute / Juan Carlos Izpisua Belmonte
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука