X
 22.12.2021 Наука

Случајно пронајден сочуван ембрион на диносаурус во Кина

Во Јужна Кина бил пронајден сочуван ембрион од диносаурус во фосил од јајце стар од 66 до 72 милиони години. Ембрионот е нарекуван „бебето Јинглиан“ по музејот во кој се чувал фосилот, а бил најден во градот Ганџоу во провинцијата Џиангси.

Палеонтолози од Универзитетот во Бирмингем изјавиле дека ембрионот е од вид клунест диносаурус без заби од групата овираптосауруси. Овој вид диносауруси имале пердуви и живееле во Азија и во Северна Америка, а се наоѓале со различни клунови и во разни големини.


Фото: University of Birmingham

Ембрионот е еден од најкомплетните што досега се најдени. Откритието се покажува во истражување водено од палеонтологот Фајон Вајсум Ма од Универзитетот од Бирмингем.

- Интересно е да се види дека ембрионот на диносаурус и ембрионот од кокошка се поставени на сличен начин во јајцето, што можеби покажува слично однесување пред испилување - изјавила Вајсум Ма.


Јајцето било случајно пронајдено помеѓу повеќе фосили од јајца на диносауруси чувани во музејот за време на градежни работи, а по неговото снимање било откриено дека во јајцето има ембрион.

Извор: Daily Mail
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука