Пред неколку дена и официјално беше лансиран новиот домашен стартап кој ќе ви испорачува оброци по утврдено мени (режим) за секој работен ден во договорениот временски период и локација.
DishWish (
www.dishwish.mk) е нова компанија чија цел е да ви обезбеди здрава и вкусно подготвена хроно, вегетаријанска и друг вид исхрана додека сте на работа или дома, согласно внимателно составени програми од д-р Ана Гифинг, докторка која има патентирано своја програма на хроно-исхрана.
Секој што сака да ја следи хроно-диетата веќе нема никакви пречки и оправдувања и може за помалку од 5 минути да се претплати на некое од достапните DishWish менија (
ЛИНК) и секој работен ден во текот на месецот да добива вкусно подготвен појадок, ручек и/или вечера, на саканата локација.
Ова е одлична можност и за самите компании што сакаат да обезбедат вкусен „бенефит“ за својот тим, па своите вработени да ги „претплатат“ на здрава исхрана додека тие се на работа.
Зад DishWish стои искусен кетеринг-тим од главниот град и засега оваа услуга ќе биде достапна само во Скопје, со тенденција да се прошири на ниво на цела држава.
(Комерцијална објава)