Во повеќето земји низ светот постојат еден или два доминантни јазици што се зборуваат.
Но, замислете место каде што само 13 отсто од луѓето живеат во градови, а другите живеат на оддалечени рурални локации, понекогаш на мали, далечни острови или во племенски села. И на ова место не напредуваат само еден или два јазика, туку 840.
Тоа место е Папуа Нова Гвинеја, така што таа е јазично најразновидна земја на планетата.

Фото: Visual Capitalist
Земји во кои се зборуваат најмногу јазици
1. Папуа Нова Гвинеја - 840
2. Индонезија - 710
3. Нигерија - 530
4. Индија - 453
5. Кина - 306
6. Мексико - 293
7. Камерун - 279
8. САД - 236
9. Австралија - 224
10. Бразил - 222
Како што стои на листата погоре, во Пауа Нова Гвинеја има 840 живи јазици, од кои мнозинството се домородни и се зборуваат во мали области на земјата. Сепак, форма на англиски пиџин (Tok Pisin) е лингва франка со над 4 милиони говорители.
Индонезија ја дели истата главна копнена маса на Папуа Нова Гвинеја, така што не е изненадувачки што е втора на листата со 710 живи јазици што се зборуваат низ целиот архипелаг. Сепак, клучната разлика е населението - Индонезија има речиси 30 пати повеќе население, што ја прави помалку „јазично густа“ по глава на жител.
Според податоците од „Аур ворлд ин а дата“, моментално во Македонија се зборуваат 14 јазици.
Извор:
Visual Capitalist
Фото: Freepik