Сѐ поголем број луѓе се зад решетки. Повеќе од 10,35 милиони лица се наоѓаат во казнени институции низ светот или како притворени лица.
Во споредба со 2000 година, вкупниот број жени што отслужуваат казна се зголемил за 50 отсто, додека машката затворска популација пораснала за околу 18 отсто. Но стапките на затворска популација значително се разликуваат низ светот. На пример, САД имаат 698 затвореници на секои 100.000 граѓани, додека Данска има 61. Постојат повеќе разлики. Затвореник од една земја има пристап до музички инструменти и видеоигри, додека од друга земја се бори за ролна тоалетна хартија.
„Боред Панда“ собра фотографии од затворски ќелии низ светот за да покаже колку различно земјите ги третираат своите криминалци, а контрастот навистина ги отвора очите. Затворските ќелии варираат од ниска безбедност до максимум безбедност, и иако не можат директно да бидат споредени, тоа ни дава прилично добра смисла како земјите се справуваат со
криминалците.