X
 04.01.2017 Живот

Земјите во кои најмногу се користи марихуана

Легалниот статус на канабис се менува на глобално ниво - се' поголем број на земји се одлучуваат да ја легализираат марихуаната за рекреативна и медицинска употреба.

 

земја


Индустријата за марихуана е во подем во Америка: во Колорадо, каде марихуаната е легална за рекреативна употреба, индустријата имаше заработка од 72.8 милиони долари од октомври 2016 година.

Декласификацијата на ова растение во многу делови од светот е предводена од научни истражувања во потенцијалните придобивки од ова растение.

Со тоа на ум, во продолжение е мапа која прикажува колкав процент на населението во секоја земја во светот ја користат марихуаната.

 



Европа


Франција 9%, Италија 9% и Шпанија 9.2% имаат највисок процент на користење на марихуана.

Британија е исто така на високо место со 6.2%, заедно со Холандија и Чешка.

Источните земји покажуваат значително пониска употреба на канабис, со тоа што Романија, Белорусија и Унгарија имаат најниско ниво на употреба.

Извештаите кои доаѓаат од Исланд покажуваат најголем број пријавени случаи на користење - повеќе од 18% од населението користи некој вид на канабис.

Централна Америка и Канада


Канада и Америка пријавиле највисоко ниво на употреба на канабис (12.7 и 16.2 проценти соодветно).

Со оглед на тоа што одредени земји во Америка се залагаа за негова легализација, ова не е изненадувачки факт.

Јужна Америка


Долу на југ, канабисот не се користи толку често, така што Чиле и Уругвај се единствените земји кои пријавиле високо користење на оваа дрога.

Африка, Азија и Далечниот исток

Нигерија и Замбија се единствените две земји кои покажуваат високо користење на канабисот.

Некои земји пак, како Алжир пријавуваат доста ниска употреба на канабис.

И Македонија пријави ниска употреба на канабис со 0.63%.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот