X
 29.02.2024 Технологија

„Шаоми“ ја објави листата со уреди што ќе имаат оперативен систем „Хајпер ОС“

Извршниот директор на „Шаоми“, Леи Јун, уште есента објави дека МИУИ заминува во пензија и ќе биде заменет со „Хајпер ОС“. Новиот оперативен систем на кинескиот производител веќе може да се најде на некои модели, на пример, на неодамна глобално претставената серија „шаоми 14“, а сега е објавено и кои други уреди ќе го добијат.

Распоредот за ажурирање на „Хајпер ОС“ ќе се разликува по уред и регион и се очекува да започне во првата половина на 2024 година. Дополнително може да се очекува дека со текот на времето на таа листа ќе се додадат некои нови уреди од брендовите „Шаоми“, „Редми“ и „Поко“.

Подолу е листата со уреди што ќе добијат оперативен систем „Хајпер ОС“. Имајте предвид дека нема наведени модели од серијата „шаоми 14“ бидејќи тие од кутија доаѓаат со „Хајпер ОС“ базиран на „Андроид 14“.

Мобилни телефони:

-„Шаоми 12“
-„Шаоми 12 Лајт“
-„Шаоми 12 Про“
-„Шаоми 12Т“
-„Шаоми 12Т Про“
-„Шаоми 12Х“
-„Шаоми 13“
-„Шаоми 13 Лајт“
-„Шаоми 13 Про“
-„Шаоми 13 Ултра“
-„Шаоми 13Т“
-„Шаоми 13Т Про“
-„Редми Ноут 12 5Г“
-„Редми Ноут 12 Про 5Г“Redmi Note 12 Pro+ 5G
-„Редми Ноут 13 4Г“
-„Редми Ноут 13 5Г“
-„Редми Ноут 13 Про 4Г“
-„Редми Ноут 13 Про 5Г“
-„Редми Ноут 13 Про+ 5Г“.

Таблети:

-„Редми Пад СЕ“

-„Шаоми Пад 6“.

Извор: Bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија