X
 02.03.2020 Технологија

ЕУ сака електронските уреди да имаат заменливи батерии

Нацрт-план открива дека Европската Унија сака да воведе закон според кој сите смартфони, безжични слушалки и таблети ќе користат батерии што може да се заменат.

Додека технолошките компании како „Епл“ не сакаат да ја прифатат предложената регулатива (тешко заменливите батерии општо значат зголемена продажба и приходи од поправки), медиумите пренесуваат дека ЕУ бара начини за заземање построг став против електронскиот отпад.

Направите како телефони и други персонални електронски уреди често не може да се рециклираат и затоа се опасни за околината. И додека порано беше полесно да се замени батерија на мобилен телефон, на многу од денешните смартфони делот за батеријата е заклучен. Тоа значи дека корисниците често мора да ја заменат целата направа или да ја поправаат.

Како резултат на тоа, од ЕУ пресметале дека просечен Европеец во 2016 година генерирал речиси 16,6 килограми е-отпад.

Сега плановите на ЕУ постојат во форма на нацрт-предлог кој ќе биде подложен на јавна дискусија овој месец. Ако помине, тој ќе се однесува на сите продавачи во ЕУ.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија