Кога станува збор за технологијата, таа стана навистина практична за секојдневните луѓе. 2015 година беше година на говорните помошници - тогаш тие покажаа како тие можат да живеат и во нашите домови, и во мобилните телефони, секогаш слушајќи ги нивните имиња, додека супер компјутерите започнаа да работат на превод и на пронаоѓање на лек за ракот.
Во 2016 година ќе се соочиме со забрзување на оваа смена на технологии и ќе започнеме да користиме уреди кои ќе ни ги променат нашите животи и на големо и на мало. Ова се неколкуте технологии.
Вештачка интелигенција
Со децении, вештачката интелигенција беше нешто што беше најдобро сфатено само од фанатиците на научната фантастика. Обичните луѓе едноставно не ја сретнуваа на конкретен начин. Сето ова започна да се менува во 2011 година со гласовниот асистент на Apple, Сири, но 2015 година стана пресвртница за компјутерските алгоритми кои би можеле да ги емитираат човековата мисла и интеракција.
Во 2016 година, производите како Сири, Google now, Aлекса и Кортана, ќе продолжат со нивниот стабилен „марш“ кон нашите животи, особено сега кога технолошките компании започнуваат да ги поврзуваат точките помеѓу паметните домови и канцеларии, мобилните телефони и овие асистенти. Наскоро ќе ги програмираме нашите кафемати со гласовни команди и ќе добиваме љубовни совети од нашите мобилни телефони.
Истовремено, најмоќните од овие вештачки умови, ќе се обидат да им помогнат на светските лидери да ги решаваат тешките проблеми. Овие вештачки умови ќе нудат помош преку анализирање на податоци и враќање на конкретни информации.
Напредни материјали
Графенот е алотроп од јаглерод во кој јаглеродните атоми се ковалентно врзани формирајќи шестоаголна структура. Материјалот е околу 100 пати посилен од челикот во тежина, а ги пренесува електроните многу поефикасно.
Луѓето секогаш реагираат на надворешноста и на она што можат да го видат и да го почувствуваат. Токму затоа овие материјали се толку важни во светот на технологијата. Напредокот во оваа област, во прилог на многу други работи, ја дефинира следната генерација на домашната забава и мобилните уреди.
Наскоро во 2016 година ќе бидеме сведоци на суперсилна пластика, оној вид кој се користи за мобилните телефони. Други значајни достигнувања за 2016 година ќе бидат во стаклото на мобилните уреди, кои ќе бидат направени од стакла кои можат да се свиткаат, додека графенот може да започне да се користи многу попрактично со оглед на тоа што научниците пронајдоа начин како да се направи поевтино од претходно.
Паметни предмети
Оваа година, луѓето ќе потрошат помалку време зборувајќи за „The internet of things“ и повеќе ќе се фокусираат на паметните предмети - секојдневните предмети кои сега ќе можат да собираат податоци и ќе можат да се поврзуваат со безжичен интернет и Bluetooth - директно на вашиот паметен телефон. Со тоа, вештачката интелигенција ќе започне да излегува на неочекувани места како што се чаршафите за маса, филџаните, рачките за вратите, прскалките за трева, канцелариските столови итн.
Повеќето ќе ви кажуваат како се користат, колку долго можат да се користат и во кој дел од денот. Овие информации ќе можете да ги искористите за да ги прилагодите вашите сопствени навики и да ги следите активностите на другите.
Роботика
Се` додека постојат филмови како „Star Wars: The force awakens“, ние секогаш ќе бидеме разочарани од нашите роботи. Јазот помеѓу фантазијата и реалноста едноставно е премногу голема.
Но, за реалистите меѓу нас, 2016 година ќе донесе позитивен напредок слични на семејниот робот Џибо. Понапредните хуманоиди како Пепер ќе започнат да се појавуваат во глобалните корпоративни канцеларии и салони.
За жал, СЗРО и ВВ-8 се`уште се години, ако не и децении оддалечени од нас.
Виртуелна реалност
2016 година треба да биде најголемиот тест за вирутелната реалност. Милиони корисници ги поминуваат празниците отворајќи ги нивните подароци, а најчестиот подарок се VR слушалките. Повеќето од луѓето се истовремено и зачудени и разочарани. Содржината која што постои е огромна, но останува ограничена.
Оваа година, „Oculus Rift“ конечно ќе пристигне и ќе дојде до следното ниво на виртуелна реалност. Замислете, не само што ќе можете да ја доживеете богатата содржина, туку ќе бидете и дел од приказната.
Ова ниво на виртуелна реалност ќе остане скапо и во 2016 година, но научниците се надеваат дека со текот на годините, сето тоа ќе се промени.
Био-безбедност
Во 2015 година бевме сведоци на неколку обиди за биометриска безбедност, вклучувајќи го и препознавање на отпечаток на Apple и Android паметните телефони и таблети, разочарувачкиот Myris и безбедноста заснована на движења. Најдоброто од се` беше препознавањето на лицето и хардверот пронајден во системите на Windows 10.
Windows Hello нема да работи без Real3DCamera, но кога ќе работи ќе биде беспрекорно. Очекуваме многу повеќе вакви компјутери оваа година како и префрлување на технолошките компании од системи на лозинка во други биометриски системи за безбедност
Плаќање со мобилен
Во 2015 година мобилното плаќање и не беше толку популарно. Но, 2016 година ќе биде годината на чиповите. Погледнете ги вашите кредитни картички - на нив постои чип, па продавниците од целиот свет се префрлуваат на чип системи.
Беспилотни летала (дронови)
Регистрацијата на беспилотни летала веројатно ќе го забави пазарот на беспилотни летала оваа година, меѓутоа 2016 година ќе биде полна со напредок токму на ова поле. Ќе постојат беспилотни летала доволно големи за пренесување на луѓе (нешто како hoverboard) и многу други играчки.