X
 02.05.2023 Технологија

„Кумот на вештачката интелигенција“ предупредува: „Страшно е што може да се случи во следните пет години“

Џефри Хинтон, човекот кој го нарекуваат „кумот на вештачката интелигенција“, а кој е потпретседател на „Гугл“, даде отказ.

Во интервју за „Њујорк тајмс“ тој открил дека ја поднел оставката за да предупреди на ризиците поврзани со технологијата. Хинтон е загрижен дека „Гугл“ се откажува од својата претходна воздржаност кога станува збор за јавните форми на вештачката интелигенција во обид да се натпреварува со „Чет-ГПТ“ и слични модели, притоа отворајќи ја вратата за многу етички проблеми.

„Можеби повеќе нема да знаете што е вистина“

Хинтон е загрижен дека во блиска иднина вештачката интелигенција би можела да доведе до бран од дезинформации. Тој е загрижен и дека ќе се елиминира макотрпната работа на луѓето, но и целосно ќе бидат заменети одредени професии. Според него, постои можност за создавање целосно автономно оружје, а можеби нема да може да се спречи ескалација без прописи и развој на соодветна контрола.



Тој открил дека неговиот став почнал да се менува минатата година кога неколку технолошки компании почнале да создаваат системи за кои верува дека понекогаш се посупериорни од човечката интелигенција.

- Страшно е тоа што би можело да се случи во следните пет години - изјавил тој.

Хинтон ја посветил кариерата проучувајќи невронски мрежи кои често се клучни за вештачката интелигенција, а најпознат е по создавањето систем за препознавање објекти во 2012 година.

Извор: Geek
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија