Придонесот на вештачката интелигенција (АИ) во глобалниот бруто-домашен производ (БДП) ќе се зголеми за 16 пати во следните 12 години, проценува првиот човек на најголемата руска банка, „Сбербанк“, Херман Греф.
-Експанзијата на вештачката интелигенција во следните години веројатно само ќе се зголемува. Според предвидувањата на голем број компании, ако денешната АИ придонесува еден трилион долари во глобалниот БДП, тогаш според предвидувањата на консалтинг компаниите, оваа бројка ќе се зголеми за 16пати во текот на следните 12 години, до 2030 година - вели Греф.
Тој додава и дека значително ќе се зголеми побарувачката на специјалисти во областа.
Според еден симулациски модел на консалтинг компанијата „Мекинзи Глобал Институт“, околу 70 отсто од светските компании ќе усвојат барем една ворма на АИ до 2030 година.
Претходен извештај на компанијата „PwC“, пак, беше посочено дека во следните 20 години АИ и сродните технологии ќе генерираат исто толку работи колку што ќе истиснат. Истражувањето, кое воглавно е фокусирано на Велика Британија, покажува дека АИ може да истисне околу седум милиони работни места во земјата, но и да создаде 7,2 милиони улоги.
Исто така, се проценува дека околу 20 отсто од работните места ќе бидат автоматизирани во текот на следните 20 години и дека нема да има сектор кој нема да биде
погоден.