X
 29.03.2023 Живот

Пред да падне таванот во битолското средно медицинско, било забележано дека прокапува

Вчера во средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола падна таван во тоалетите, при што лесно е повредена ученичка од училиштето.

Како што соопштија од Општина Битола, била формирана општинска комисија која заедно со градоначалникот извршила увид во училиштето, со цел констатирање на состојбата.

- При извршениот увид, директорката Наташа Илиева информира дека тоалетите пред неколку години биле реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување - соопштија од Општината.

Класнето од Битола во нова акција - со помош на нашинци од Австралија ќе се реновираат тоалетитево средното медицинско

Оттаму додадоа дека контактирале со семејството на повредената ученичка и дека таа имала болки во раката.



На страницата на училиштето на „Фејсбук“ може да се види дека неодамна му била променета фасадата, а бил сменет и покривот на административната зграда.

- Во однос на внатрешноста, се извади постојниот паркетен под во училниците и истиот се замени со ПВЦ-под. Воедно, извршена е целосна обнова на ѕидните и таванските површини како во училниците така и во ходниците на трите нивоа.
Со ова, условите за работа се максимално подобрени, што веруваме ќе води до поголеми резултати во учењето кај учениците и висока мотивација за работа кај наставниците - стои во објавата.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот