X
 29.09.2015 Култура

Манаки пост фестум - Филмот навистина е убав!

Големиот Квентин Тарантино еднаш рече: „Ако милион луѓе го видат мојот филм, се надевам дека тие ќе видат милион различни приказни“.

 

manaki


Фестивалот Браќа Манаки можеби не го посетија милион луѓе, но дефинитивно понуди широк спектар на филмови. 200 филмски наслови - долгометражни, кратки, играни, документарни, студентски и детски филмови се прикажаа на овогодинешниот фестивал во 13 фестивалски програми.

Битола 10 дена беше обвиткана во филмското платно, а оваа година филмскиот фестивал може да се пофали со бројка од 17.500 публика, а најголем интерес публиката покажа за филмовите „Лазар“ на Светозар Ристовски, „Платен убиец“ на Дени Вилнев и „Магбет“ во режија на Џастин Курцел. Маѓаш Едрели ја доби Златната камера 300, за филмот „Синот на Саул“. Сребрената камера 300 отиде во рацете на Адам Аркапо за филмот „Макбет“, додека Бронзената камера 300 ја доби кинематограферот „Матео Гусман“ за филмот „Земја и сенка“

Во рамките на фестивалот се одржаа шест мастер класи со Божидар Бота Николиќ, Хајет Бенкара, Ришард Ленчевски, Јаромир Шофр и две на Милчо Манчевски, пет работилници со Пеце Котевски, Дебора ван Дам, Вим Корин, Мигел Љансо, Шофр и Марек Јиха, две панел-дискусии со Ана Василевска и презентации, конференции и изложби.

Околу 2.700 деца ги посетија филмските проекции, а 50 студенти беа гости на фестивалот и зедоа учество во програмите.

Се` на се`, оваа година фестивалот доби доста позитивни критики, како за самата организација така и за програмата во целина.

Битолчани се вратија во своето вообичаено секојдневие, а фестивалот остави траги за уште една успешен филмски настан, и докажа дека Битолчани знаат што е добар филм.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура