„Википедија“ конечно воведува алатка која ќе ги спаси читателите од бесконечно копање по линкови кои ги поврзуваат поимите и така ќе придонесе за читање на објавените статии.
Ако стрелката ви стои над кој и да е хиперлинкуван поим на „Википедија“, ќе видите помал приказ за најава на страницата до која води тој линк, што ви дозволува да ги истражите поврзаните теми без напуштање на она што го читате.
Со воведувањето на оваа опција „Википедија“ овозможува истражување на темите без напуштање на изворната страница и без отворање голем број дополнителни табови.
Фото: Pixabay
Малата најава за страниците содржи неколку реченици од целиот текст, дозволувајќи им на читателите да одредат дали темата на која планираат да кликнат е поврзана со темата со која се занимаваат.
Фондацијата „Викимедиа“ спроведе многу педантно истражување пред воведувањето на оваа можност, а реакциите беа многу позитивни. Само мал број луѓе ја исклучиле опцијата, што значи дека таа не му смета на стандардниот читател. Промената на „Википедија“ донесе и многу поголем број стандардни прегледи.
- Фондацијата „Викимедиа“ на успехот гледа како на можност за приближување на бесплатното знаење во светот, дури иако методата со која се работи тоа го намалува бројот на потенцијалните посетители. Нашата цел е „Википедија“ да ја направиме покорисна, поверодостојна и поинтересна за луѓето од цел свет - стои на официјалниот блог на „
Википедија“.