Технологијата постојано се движи напред, а ние како луѓе имаме многу повеќе моќ во нашите домови отколку во 90-те. Зголемената реалност е фасцинантен концепт на научната фантастика, но многу истражувачи сметаат дека конечно се приближуваме кон остварување на овој концепт, благодарение на напредокот во компјутерска визија.
По дефиниција, компјутерската визија е поле кое вклучува методи за процесирање, анализирање и разбирање на слики и генерално високо-димензионирани информации од реалниот свет, за да се произведат нумерички или симболични информации, во форма на одлуки. Компјутерската визија им овозможува на машините да препознаат и разберат вид, исто како што прават и луѓето. Ова значи дека со зголемената реалност, може да се процесираат слики и видео извори за да се издвојат значајни информации и да се спроведе одредено дејство врз нивна основа.
Ова се неколку начини на кои зголемената реалност може да влијае на животот во иднина.
Автоматски транспорт
Веќе сме сведоци на автомобили кои сами се управуваат, иако уште е потребно присуство на возач. Автоматскиот транспорт не е совршен, но ќе потрае додека јавниот превоз вклучи автоматизирани возила за поширока употреба. Во моментов, автоматизираните автомобили можат да детектираат само дека има луѓе кои се движат по улица. Во иднина, напредната когниција ќе помогне автомобилите да разберат дека се јавува и некаква закана од опасност.
Здравство
Зголемувањето на сликите за потребите на медицината е витална компонента во здравството во изминатиов период.. Напредокот во компјутерската визија отвора многу нови можности за револуција во медицинската нега.
Образование
Многу можности и во оваа област – подобрување на ефективноста на традиционалните алатки во училниците, како книгите и материјалите за учење, а со сето тоа и подобрување на знаењето во специфични области.
Тренинзи и производство
Ќе биде можно компјутерската визија да донесува квалитетни контролни одлуки. Камерите ќе ги елиминираат човечките грешки, а зголемената реалност ќе биде присутна и во задачите кои се премногу опасни за да бидат извршувани од луѓе, најчесто со ракувањето на радиоактивни материјали.
Иднина
Фасцинантно е колку технологијата напреднува за многу кратко време. Зголемената реално многу брзо ќе стане дел од секојдневнието, сметаат
експертите.