X
 29.04.2020 Забава

Онлајн-играч на Лото 7 доби 6-ка вредна над 5.000 евра

Најголемата добивка од претходното коло Лото 7, во вредност од 348.297,50 денари, е 6-ка од одиграна комбинација преку онлајн-платформата на Државна лотарија.
Извлекувањето од 33. коло се реализира на 25 април, во сабота. Добитникот, со иницијали Р.Т., верува во среќата, има 31 година, живее и работи во Гевгелија и станал онлајн-учесник во игрите на среќа со оглед на новонастанатата ситуација.

Нашиот онлајн-добитник, во саботата, од удобноста на својот дом во Гевгелија, во 13:27 часот, ги уплатил и одиграл своите 8 комбинации Лото 7, а вечерта го следел ТВ-извлекувањето. Кога беа извлечени броеви 3, 5, 6, 7, 25, 31 и, 36, не можел да верува дека на екранот ги видел наредени сите броеви од вториот до седмиот од својата прва одиграна комбинација, сите освен првиот кој го оддели од 7-ка.

Иако не ни ја откри симболиката на броевите, Р.Т. во телефонскиот разговор ни соопшти дека редовно ги игра токму овие броеви затоа што имаат огромно значење за него.
Од уплатениот депозит за игра, во вредност од 300 денари, одиграл 160 денари и за таа сума доби 348.297,50 денари, или над 5 000 евра. По средствата нема да доаѓа на ниту една од благајните на Државна лотарија, што е една од најголемите предности на онлајн-играњето Лото 7 и Џокер.
Во телефонскиот разговор ни сподели дека е редовен лото-играч, но поволноста за онлајн-учество во Лото 7 и Џокер решил да ја користи согласно ситуацијата. Досега имал помали добивки, најмногу од играта на среќа Џокер, кои ги користел за понатамошна игра, но ова е првата добивка која преку корисничкиот профил ќе си ја префрли на трансакциска сметка.



Р.Т. од Гевгелија е првиот онлајн-учесник на игрите на среќа на Државна лотарија што освои поголема добивка. Иако Државна лотарија ја овозможи услугата за онлајн-уплата и учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер уште во октомври минатата година, токму во сегашни услови се гледа дека е повеќе од добредојдена. Нашиот најнов добитник упати многу позитивни коментари за практичноста и едноставноста на онлајн-уплатата и учеството во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, истакнувајќи ја предноста што може да се игра од дома (место во вакви времиња да оди на продажно место). Како најголема предност ја издвои брзата исплата на средства.

Никогаш не размислувал каде би ги потрошил парите доколку му се падне 7-ката, иако првпат среќата го донела толку близу до неа, но сепак оваа добивка би ја искористил за патување кое одамна го посакувал, секако откако ќе се среди ситуацијава.

Честитајќи му на Р.Т. од Гевгелија, потсетуваме на предностите за онлајн-учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, како и на актуелната кампања „300 + 100“.

Повеќе информации на нашите социјални медиуми на броевите на центарот 02 323 7777 и вибер-бројот 076 313 052 и на www.loto.mk

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава