Одморите каде што ништо не правиме ја хранат душата, но патувањето може да биде и начин да научите нешто ново за различните култури и традиции. Многу европски хотели нудат програми за гостите да совладаат нови вештини.
Ериро, Австрија
Научете обработка на дрво, јодлање или планински велосипедизам
Фото: Eriro
Високо во австриските Алпи, на 1.550 метри надморска височина, се наоѓа „Ериро“, скриен хотел со само девет соби до кој може да се стигне само со жичница. Зборот „ериро“ на стар германски значи „почеток на шумата“, а мисијата на хотелот е да ги спои гостите со природата со помош на старите планинарски традиции.
Со водичи, можете да пешачите боси низ шумата или да медитирате во дивината. Можете да возите велосипед низ планините, да се качувате, да научите да правите предмети од дрво или камен, да уживате во скијање или да пробате јодлање.
Сао Лоренцо До Барокал, Португалија
Откријте ја древната уметност на керамика
Фото: São Lourenço Do Barrocal
Сместен во ливади со диви цвеќиња, маслинови градини и лозја во регионот Алентехо, Португалија, овој објект е реставрирана винарница и спа-хотел. Имотот нуди различни работилници, вклучително и курс каде што гостите можат да ја научат древната уметност на керамика. Работејќи со грнчарско тркало, гостите можат сами да прават и да украсуваат предмети.
Кастело ди Решио, Италија
Вежбајте калиграфија и везење
Фото: Castello di Reschio
Во срцето на огромен пасторален имот во Умбрија, Италија, хотелот „Кастело ди Решио“ е отворен оваа година и ги поканува гостите да се занимаваат со традиционални уметности. Инспирирани од старите практики на монасите, гостите можат да ја совладаат калиграфијата и да се обидат со везење. Оние што сакаат практична уметност, вешти занаетчии ќе ги учат како да прават корпи на пет различни начини.
Бадрутс палас, Швајцарија
Научете нов спорт - „скијоринг“
Фото: Badrutt’s Palace
Хотелот „Бадрутс палас“ во Швајцарија се подготвува за својата неверојатна 129. зимска сезона, во која гостите ќе можат да уживаат во зимските активности во текот на денот и убавото јадење навечер. Една од активностите што ги нуди овој легендарен хотел е таканаречениот „скијоринг“, спорт со норвешко потекло во кој човек на скии е влечен од коњ преку замрзнато езеро.
Корените на овој спорт потекнуваат од античките времиња кога ловците на Арктикот го преминувале замрзнатиот пат со помош на ирваси. Во блискиот град Самедан гостите во хотелот можат да го пробаат спортот со помош на јавачи кои го контролираат коњот за дополнителна безбедност.
Извор: forbes.n1info.hr
Фото: Freepik